Пијaнa работа: Камионџија yништил 33 автомобили во близина на Нирнберг
Пијан камионџија удрил триесетина автомобили во местото Фирт кај Нирнберг, а во таа несреќа се повредени три лица.
Додека се движел низ крстосница, возачот на камионот синоќа удрил во автомобили кои се нашле на и покрај патот, туркајќи ги кон куќа покрај патот. Билансот од оваа несреќа е тројца повредени меѓу кои и самиот возач на камионот, како и 33 оштетени автомобили и оштетена куќа.
Направена е поголема штета на куќата, па станарите се привремено иселени додека вештаците ја анализираат статиката на објектот, соопшти денеска полицијата. Возачот е уапсен, а полицијата ги истражува причините за големото уништување.
Треба да се реши прашањето дали имало конкретен мотив за ваквата постапка, дали возачот бил непресметлив затоа што бил пијан или свесно направил голема штета или пак имало дефект на возилото. По судирот неколку возила се запалиле, па пламените јазици ја зафатиле и фасадата на куќата.
Камионот, со кој возачот ја „исчистил“ улицата, морал да биде отстранет со кран. Полицијата утврдила дека 50-годишниот камионџија имал два промила алкохол во крвта.
Тој поминал на црвено светло на крстосницата, удрил во едно возило и го турнал кон други возила.
Потоа продолжил да вози, удирајќи во повеќе возила.
Еден пешак морал да скокне на страна за да не го покоси камионот. Полицијата поведе истрага против возачот на камионот поради бегство од местото на несреќата, како и нанесување телесни повреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…