Планинари повикани на разговор во полиција: Го поставиле националното македонско знаме на територија на Бугарија!

t

Претседателите на двата планинарски клубови од Кочани ПК “Осогово” и ПК “Москито” биле повикани на информативен разговор од страна на началникот на граничната полиција на источна Македонија во полициската станица во Кочани, информираше денеска преку социјалните мрежи од еден од претседателите на овие клубови.

Причината според претседателите на клубовите било поставување на македонскато национално знаме од страна на македонски планинари на бугарска територија. На тој начин бил прекршен меѓудржавен договор потпишан меѓу двете држави.

Во информацијата која што е пренесена преку социјалните мрежи се вели:

“Поради вакви несовесни однесувања има големи шанси да ни биде забрането од страна на Бугарија влез и користење на единствениот заслон на Руен во бугарска територија за кој досега го имаме користено без проблем од страна на граничната полиција на Бугарија иако е околу 400 метри на нивна територија.

Апел до сите планинарски друштва од страна на граничната полиција е:

1. Забрането оштетување или уништување на гранични ознаки и цртање по нив,

2. Забрането снимање на територија и објекти на другата страна,

3. Забрането поставување на државни обележја (знамиња) од една на друга територија.

За секој кој нема да ги почитува законите ке следува кривична пријава од страна на граничната полиција и органите надлежни за границата”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…