Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани
Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар во Кочани.
Деновиве на социјалните мрежи се споделува нивната трагична приказна. Мајката на Ивона, Стојка е единствената жена-пожарникар во Доброволното противпожарно друштво Кочани, кадешто членувале заедно со нејзиниот сопруг Тоше.
Доброволното противпожарно друштво во Кочани неодамна објави дека ноќта на 16 март биле на браникот на Кочани. И покрај сите околности, десетина нивни членови со две возила скокнале во огнот. волонтерски.
„Сцените кои ги затекнавме вечно ќе бидат врежани, а секој од нас загуби по некој близок, познаник, пријател, другар а нашите членови, сопружниците Тоше и Стојка го загубија најмилото – ќерката единец Ивона. Изразуваме искрено сочувство во ови болни и тешки моменти за сите жртви и оние кои се борат за живот. Вечна им слава!“, напишаа од Доброволното противпожарно друштво во Кочани.
Претходно и Федерацијата на планинските спортови на Македонија (ФПСМ) изрази најдлабоко сочувство до семејствата на сите жртви од катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани. Од Федерацијата по пожарот известија дека во големата трагедија животот го загубија и младите планинари Ѓорѓи Величков и Ивона Антова.
Планинарите велат дека Ивона била ведро дете, секогаш насмеано, и зрачела со позитивна енергија. Пасијата кон планината ја наследила од родителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…