Платформа за тргување со криптовалути по грешка ѝ префрлила 10,5 милиони долари на жена од Австралија

t

Платформата за тргување со криптовалути Крипто.ком случајно ѝ префрлила 10,5 милиони долари на Австралијка и не ја забележала грешката дури седум месеци. Компанијата требала да и врати само 100 долари на жената, која имала вложено во криптовалути, пренесува Гардијан.

Компанијата – која му плати на познатиот актер Мет Дејмон да се појави во реклама за Супер Боул (големо финале во американски фудбал) со слоганот „Среќата ги фаворизира храбрите“ – откри дека случајно го префрлила богатството на жената од Мелбурн, Теваманогари Манивел во декември 2021 година, седум месеци по направената грешка.

Крипто.ком, кој работи како Форис.гфс во Австралија, плати 10,5 милиони долари наместо поврат на 100 долари, откако бројот на сметката на Манивел била случајно внесена во полето за износот на плаќањето.

Компанијата започна правна постапка пред врховниот суд во Викторија оваа година, а во февруари и беше одобрено замрзнување на сметката на Манивел во Комонвелт банка, но поголемиот дел од парите беа префрлени на други сметки – кои подоцна беа замрзнати.

Жената си купила луксузен стан

Судот соопшти дека 1,35 милиони долари од парите биле искористени за купување на дом со четири спални во Крегиберн на северот на Мелбурн во февруари, а сопственоста на имотот потоа била префрлена на име на сестрата на Манивел, Тилагавати Гангадори, која живее во Малезија.

Обидите да се упатат наредбите за замрзнување на сметките на Гангадори засега се неуспешни, бидејќи таа не одговара на меиловите од адвокатите на Крипто.ком. Единствената комуникација обезбедена до судот била одговорот на меилот до адвокатите на Манивел во кој се вели „добив, благодарам“.

Адвокатите на Манивел го информирале Крипто.ком дека Гангадори „бара правен совет“.

Како резултат на тоа, на Крипто.ком му била доделена неисправна пресуда за да ја принуди Гангадори да го продаде имотот што е можно поскоро, а парите да одат кај компанијата, како и камата во износ од 27.369,64 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија ќе назначи специјален советник за истрага…

Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој…

Пад на вредноста на криптовалутите денес

Биткоинот падна за 6,12 отсто на 58.346,75…

Црна Гора ќе го екстрадира кралот на…

Апелациониот суд на Црна Гора ја потврди…

Биткоинот денеска достигна највисоко ниво во последните…

Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација,…

„Кралот на криптовалутите“ ќе биде екстрадиран во…

Одлуката не е правно обврзувачка и адвокатите…