Објавено на:

Плаќајте вие пет пати поскапа струја поради „Зелената агенда“: Јахтите ќе бидат ослободени од планот зa даночење на јаглерод на ЕУ

t

Ако има некој уште кој не верува дека Зелената агенда на Европа и целото „зелено“ движење е еден џиновски котел со лаги, лицемерие и измами, прочитајте понатаму.

Минатото лето, објавивме дека Европската комисија -бирократи од кариера – предложи да се изземат приватните авиони, еден од најзагадувачкиот облик на транспорт, од планираниот данок на ЕУ за авионско гориво. Нацртот покажа дека данокот ќе биде постепено воведен за патнички летови, вклучително и оние што превезуваат товар. Приватните авиони ќе уживаат исклучок преку класификацијата на „деловна авијација“ како употреба на авиони од фирми за превоз на патници или стоки како „помош за водењето на нивниот бизнис“. Работите стануваат уште полицемерни, дополнително ослободување е дадено за летови од „задоволство“ при што авионот се користи за „лични или рекреативни“ цели кои не се поврзани со деловна или професионална употреба.

Ова е чудно бидејќи неодамнешниот извештај покажа дека емисиите на CO2 од приватни авиони во Европа се зголемиле за 31% помеѓу 2005 и 2019 година, при што летовите до популарните дестинации значително се зголемиле за време на летните сезони на одмор. Значи, ако Европа беше навистина загрижена за ограничување на емисиите на CO2, навидум ќе тргнеше по некои од најголемите виновници… но не.

Се разбира, бидејќи главно милијардерите и ултра богатите се тие што летаат приватно, а истите тие милијардери и ултра богати имаат тенденција да бидат изземени од регулативит кои важат за остатокот од селанството, ова не е огромно изненадување.

Затоа се сомневаме дека најновите вести кои покажуваат колку е распространето „зеленото“ лицемерие, исто така ќе бидат изненадување за јавноста.

Извештајот, во јули 2021 година на Европската комисија објави збир на предлози за декарбонизација на поморскиот сектор. Сепак, она што се премолчува е дека предложената шема за даночење на јаглеродот (ETS) и стандардот за гориво со ниска емисија на стакленички гасови (FuelEU Maritime) ќе се применуваат само за бродови над 5.000 GT и ќе исклучат бројни типови бродови, како што се морските бродови, рибарски бродови и …. јахти.

Се чини дека прагот на големината е имплементиран за токму јахтите да бидат меѓу пловните објекти што се изземени од регулативата. Проблемот е што со поставување на прагот толку високо, бродовите кои сочинуваат скоро 20% од емисиите на CO2 од поморскиот транспорт на ЕУ – би биле исклучени, двојно повеќе од она што Комисијата првично тврдеше дека ослободувањето ќе го покрие.

Или, „предлозит на ЕУ ослободуваат исто толку загадување колку што се вкупните годишни емисии на CO2 во Данска“.

Но… но… рударството на биткоин е толку, толку валкано и мора веднаш да се прекине!

Повторно, ова е само за да можат старите европски олигарси да ги поканат своите 20-годишни руски љубовници на нивните јахти до Монте Карло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грците и Бугарите живеат најскромно од цела…

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно…

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

Маричиќ: Ова се избори за членство на…

„Крајната цел на овие избори е што…