Објавено на:

Плевенлиев: Да бев како Радев ќе прифатев промена на македонскиот Устав на крај на преговорите, ама со гаранции

t

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев не очекува бугарското вето за Македонија да биде кренато во јуни.

-Не сум сигурен за јуни. Видовме само пред два дена како Европскиот парламент се обрати со повикување до С. Македонија и Бугарија за историско помирување врз основа на споделената историја и Договорот за добрососедство. Тоа е решението. Тоа повикување на ЕП е навистина важно. За жал, забележувам грешки и на двете страни на границата, што не ме прави оптимист дека можеме да имаме решение во јуни. Го кажувам тоа со голема доза на жалење,бидејќи сметам дека одамна можеше да се најде решение, како што го направија тоа нашите грчки соседи, вели Плевнелиев во интервју за ТВ 24.

Тој кажа свој предлог околу евентуална деблокада.

-Јас да бев на местото на Румен Радев ќе прифатев промена на македонскиот Устав за крај на преговорите, но со гаранции дека тоа ќе се случи, додал Плевнелиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…