Повредил жена во сообраќајка па татко му го криел од одговорност – зошто бегал Стефан Андоновски?

t

Стефан Андоновски учествувал во сообраќајна несреќа, а потоа одбил да ја плати штетата, вели во коментар на Фејсбук новинарката Виолета Совкаровска.

Како што вели таа за Инфомакс, Андоновски рано наутро со негово возило го удрил нејзиното возило, си признал вина и кажал дека е ненаспан и дека е во кампања, а потоа одбил да плати штета иако бил виновен.

– Господинот беше залетан со своето возило и се зачука во моето возило додека чекав на семафор. Си призна вина, бидејќи бил ненаспан заради кампањата на Данела Арсовска. Уредно отидовме во осигурителната компанија, која ми исплати само половина од проценетата штета. Со образложение дека возилото ми е старо. Не викнавме полиција, не бев на лекар, а веројатно имам последици (болки во рбетот и опашката). Господинот арогантно одби да ми ја доплати штетата, зашто он имал осигурување и тоа веројатно значи дека може да вози и да плеска други коли низ градов, вели Совкаровска за Инфомакс.

Побаравме коментар и од Стефан Андоновски кој ја обвини госпоѓата Совкаровска дека лаже.

– Целосно демантирам, ниту сум учествувал во таква сообраќајна несреќа, ниту сум повредил некого. Страшно, какви лаги, вели Андоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната…

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на…