Погледнете ги цените на горивата на Балканот – Кој плаќа најмногу ?

t

Цените на горивата во светот постојано растат, а на движењата на светските берзи особено влијае руско-украинската војна. Денеска цената на суровата нафта падна за околу 7 долари во однос на минатата недела, а барел нафта на берзата во Лондон се тргуваше за околу 113 долари што е најниска цена од крајот на минатиот месец.

Причина за ова е забавувањето на глобалната економија имајќи предвид дека во борбата со инфлацијата речиси сите централни банки почнаа со зголемување на основните каматни стапки кои во некои држави се зголемија и за три четвртини од еден процентен поен.

Во Северна Македонија само од крајот на мај до денеска, за 30 дена, цената на дизелот се зголеми за дури 23,5 денари по литар, а цената на бензините скокна за 17 денари.

На Западен Балкан горивото е најскапо во Албанија, каде цената на литар дизел денеска чини 2,16 евра, во Косово 1,89 евра. Во Црна Гора горивото е најевтино заклучно со денес (1,58), додека во С.Македонија за литро дизел треба да платите 1,77 евра, а во Србија 1,77.

Што се однесува до бензинот, тој во Албанија е 1,96 евра за литар, Косово повторно е на второ место со 1,91 евра Македонија е трета 1,83, а Црногорците плаќаат 1,68 евра за литар бензин, во Србија 1.67 евра .

За споредба, во Германија за литро дизел се плаќа 2,05 евра, додека за литро бензин – 1,89 евра.

Просечната плата во Германија е околу 3.500 евра, во Албанија околу 490 евра, во Косово околу 504 евра, во Црна Гора 873, во Србија 558 евра.

извор: fokus.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ креваат националистичка реторика,…

Зборувајќи за резултатите од првиот круг претседателски…

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ… Од куќата на убиецот…

Од куќата на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за…

(Видео) Изгаснат е пожарот позади Универзална сала

Пожар избувнал денеска во куќа на улицата…

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј…

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна…

Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за одвои…