Погребана девојката од Радовиш – Адвокатот на момчето што ја прегази бара да се пушти во домашен притвор

t

Семејството, роднините, другарките и другарите и граѓани на Радовиш се простија денеска од 24-годишната Викторија Николова која животот го загуби прексиноќа кај Сити мол во Скопје, кога во неа на пешачки премин удри 22-годишниот Ј.Ѓ. од Скопје. Момчето на Викторија во несреќата помина со полесни повреди, но со психички трауми. Ј.Ѓ. е во притвор, а неговиот адвокат најави жалба.

Адвокатот Душко Јанковиќ за медиумите изјави дека момчето по ударот во девојката, останал во автомобилот затоа што бил во шок поради што му биле одземени нозете. Дека бил во шок било потврдено и при медицинскиот преглед, а како што рече, и натаму е во тешка психичка состојба.

Според адвокатот, обвинителството не морало да бара активен притвор, туку судската одлука можела да помине и со домашен притвор, имајќи предвид, како што рече, дека се работи навистина за многу младо момче кое не би влијаело врз сведоците од трагичниот настан.

Јанковиќ вели дека момчето всушност, веќе има добиено доживотна казна, зашто трагедијата ќе го следи секогаш. Тој вели дека ќе треба да се испитаат сите околности, бидејќи се чини дека не возел побрзо од 50 километри на час, за што потврда може да биде неактивирањето на воздушните перничиња во возилото.

Таткото на момчето на девојката која го загуби животот, најави правна битка, велејќи дека е убиена неговата Викторија и имало обид за убиство на неговиот син.

Во моемнтот на несреќата семафорите на булеварот биле во трепкачка позиција.

Граѓаните постојано се жалат дека на булеварот „Партизански одреди“ се вози брзо и дека мора да се воведат почести сообраќајни контроли. Според последните законски измени, брзината на возење во градски услови е ограничена на 50 километри на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Лавров: Продажбата на НИС на унгарската МОЛ…

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави…