Објавено на:

Подготовките се во тек: Претседателот на Палестина ќе ја посети Москва!

t

Во тек се подготовките за посетата на претседателот на Палестина, Махмуд Абас на Москва, најави амбасадорот на Палестина во Русија, Абделхафиз Нофал.
„Одржуваме секојдневни контакти со Москва. Подготовките за посетата на претседателот Абас на Москва сега се во тек“, изјави амбасадорот за телевизијата „Русија 24“, на прашањето дали се можни официјални контакти меѓу Палестина и Русија во блиска иднина.


Нофал посочи дека палестинската страна ја цени позицијата на Москва за палестинско-израелското решение за ситуацијата.
Да потсетиме, во тек е третиот ден од конфликтот меѓу Хамас и израелската армија.
Повеќе од илјада луѓе беа убиени, а повеќе од 4.000 беа ранети. Израелските власти велат дека ќе победат, а одговорот на Хамас ќе се памети со децении.


Израелската армија соопшти дека се мобилизирани 300.000 војници. Министерот за одбрана нареди целосна опсада на Појасот Газа – прекината е испораката на храна, вода, струја и гориво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…

Претставници на 32-те земји членки на НАТО…