Поднесена кривична пријава против раководителите на СВР Битола

t

Синдикатот на полиција во Македонија денеска поднесе кривична пријава  против три лица од СВР Битола заради, како што велат, основано сомнение дека сите пријавени сториле исто кривично дело „повреда на правата од работен однос“ по член 166 став 1 и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ. 

-Пријавените во својство на службени лица – раководители во Министерство за внатрешни работи – СВР Битола и тоа првопријавениот како командир на ПО за БПС Крушево, второпријавениот како началник на СВР Битола и третопријавениот како началник на ОВР Крушево со тоа што свесно не се придржувале кон закон или друг пропис на оштетената М.В. од Крушево и повредиле, одземале и ограничиле право што му припаѓа на работникот. Со тоа и нанеле материјална штета, со неизвршување и пречекорување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи – СВР Битола, ОВР Крушево, ПО за БПС Крушево, соопшти Синдикатот.

Според нив, во конкретниот случај иако до тој момент од страна на надлежниот јавен обвинител воопшто немало никаков основ за започнување на кривична постапка сите наведени незаконито преземале мерки и дејствија спротивно на одредбите од ЗКП.

-Ја повикуваме внатрешната контрола во МВР да го истражи случајот, да преземе мерки лично, а не да задолжи друга организациона единица во МВР да и ја врши нејзината работа како што до сега и е пракса. Го повикуваме министерот за внатрешни работи и директорот на БЈБ исто така да го истражат случајот и што побргу да добие разрешница, потенцираат од Синдикатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Грчки граѓанин починал во битолско казино –…

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Вработена во средно училиште во Битола нападната…

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…