Поднесено обвинение против 4 лица за палењето на знамињата, се бара продолжување на нивниот притвор
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.
За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.
Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.
Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Енес Демири ослободен од обвинение за убиството…
Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент…
Обвинение за над 6,5 милиони евра штета…
По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител…
Поднесено обвинение против повеќе лица за кривични…
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од…
Трамп објави фотографија од Мадуро: „Спектакуларен напад…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од…
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…