Подољак: Украина де факто веќе е членка на НАТО
Украина веќе е де факто членка на НАТО, бидејќи има западно оружје и ги следи западните стандарди, изјави советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
„Да бидеме прагматични. „Украина веќе е де факто членка на НАТО, бидејќи имаме западно оружје, западни стандарди и го штитиме Западот“, рече Подољак.
Според него, на самитот на НАТО во Вилнус во јули ќе се разгледува подлабока интеграција на Украина во Алијансата, но не и нејзино официјално членство.
Подољак изјави дека ловците Ф-16 може да ѝ бидат предадени на Украина „за неколку месеци“.
Подољак изјави дека е неопходно да се подготват аеродроми и бази за ремонт.
-“Тоа го правиме и се трудиме да го направиме тоа што е можно поскоро, за да можат авионите да пристигнат за неколку месеци“, рече Подољак.
Тој додаде дека потенцијалните пилоти се подготвени, но не прецизираше кои земји би можеле да ги испорачаат тие авиони на Украина.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рокот за испорака на авионите Ф-16 во Украина зависи од брзината на обуката на украинските пилоти и проценката на ситуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…