Поевтинуваат горивата во Македонија, ова се новите цени

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 19.8.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,611%, кај дизелот 3,788%, кај екстра лесното масло за 4,448% и кај мазутот има намалување за 1,779%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8070%.

Од 24.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,295 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп призна: „Можно е“ војната со Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

„Ројтерс“: Саудиска Арабија подготвува нова офанзива против…

Саудиска Арабија подготвува офанзива против Хутите во…

Акцијата во Прилеп не запира: Претресена 37.…

Големата полициска акција во Прилеп продолжува, а…

Западните земји подготвуваат планови за евакуација на…

Западните земји почнале да подготвуваат резервни планови…

Крај на „не знам колку ќе ти…

Повеќе ред во откупот, поголема транспарентност на…