Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од контрола
Пожарот во селата Цера и Пресека повторно е надвор од целосна контрола, информираше градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Тој преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека иако вo раните утрински часови, пожарникарите од Македонска Каменица и Кочани добиле воздушна поддршка од еден полициски хеликоптер, пожарот се уште е активен поради засилениот ветар од пладневните часови.
-Куќите во Јангелковци кои беа загрозени вчера, се спасени. Но, поради се позасилениот ветер и непристапниот терен за делување од копно, сега постои реална опасност од ширење на пожарот кон маало Стамболии во село Цера. ТППЕ Кочани наведуваат дека првично биле активни два одделни пожари. Едниот во село Пресека, а другиот во село Цера. Потоа, истите се спојуваат во еден пожар на доста широка територија и огнената стихија досега однела над 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, посочува Атанасовски.
Од рано утрово на терен, покрај екипи на ТППЕ-Македонска Каменица, доброволци и локално население од село Цера, во акцијата за гасење на пожарот се вклучени Тппе Кочани, ДПД Кочани, ДПД САСИ Македонска Каменица, вработени во ЈП „Национални шуми“ и други екипи.
Атанасовски потенцира дека во текот на утрешниот ден се очекува да се вклучат и доброволци од институциите во Македонска Каменица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…