Пожарот во Челопеци делумно ставен под контрола, екипи остануваат на терен
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информира дека пожарот во селото Челопеци, Општина Кичево, е делумно ставен под контрола. Според него, огнот во делот кај складот е изгаснат, но пожарот кон шумскиот предел и понатаму е активен, зафаќајќи нискостеблеста шума.
Во вечерните часови, екипа од припадници на Армијата на Република Македонија ќе остане на терен како противпожарно дежурство.
За утре наутро е планирана засилена воздушна поддршка во гаснењето, со ангажирање на два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, два ЕР-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…