Пожарот кај Смолево е локализиран, но сѐ уште гори – пожарникарите биле повлечени од терен во 23 часот
Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот на м.в.Смолево (Општина Битола) во 23.00 часот.
На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и е во правец на с.Буково. До овој момент не се загрозени населени места и објекти. Командирот на ТППЕ Битола во раните утрински часови (05.30 ч.) врши контрола на теренот и ќе одлучи како ќе продолжи гаснењето на пожарот. Во текот на ноќта очекувано се намали интензитетот на горење на оние места каде што пожарот е се уште активен. Пожарот е одалечен од НП,,Пелистер” околу 10 км.
Екипите од ТППЕ Прилеп кои го гаснеа пожарот во атарите на с.Слепче и Гостиражни се повлечени од терен околу 23.30ч. Пожарот е започнат на 13.07.2024 во атарот на с.Црнилиште (ЕЛС Долнени).Во моментот пожарот е локализиран.
Екипата од ТППЕ Прилеп која го гаснеше пожарот во атарот на с.Небрегово (Општина Прилеп) е повлечена од терен во 22.05часот. Пожарот е се уште активен во повисокиот дел бидејќи во текот на ноќта немало услови да се интервенира на тој дел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…