Пожарот на Беласица е локализиран

t

Големиот пожар кој избувна вчера попладне на планината Беласица на тешко достапен терен, веднаш над селото Смоларе, е локализиран и е ставен под контрола, информираа од ТППЕ Струмица.

Според командирот Александар Гудев, била зафатена високостеблеста шума на поголема површина, а во гаснењето на пожарот покрај пожарникари учествувале и тимови на „Македонски шуми“.

-Пожарот е локализиран и ставен под контрола и во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање – изјави Гудев.

Според него засега догорува лисна маса, а во текот на измината ноќ екипа на ТППЕ Струмица составена од седум пожарникари и две против пожарни возила го гаснеле пожарот и не дозволила негово проширување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…