Пожар во Батинци, семејство со две малолетни деца заврши во болница

t

Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа.

-Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира МВР.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…

Четири борби, четири победи и ниту една…