Пожар во Нула Отпад Скопје во Трубарево!
Моментално гори „Нула Отпад-Скопје“ во Трубарево. Целото село е на нозе бидејќи се слушаат експлозии од фабриката за рециклирање на отпад, огнот се приближува до куќите кои се во близина.
Според информациите кои ги има на нивната официјална страна, горењето на отпадот кој тие го складираат може да биде фатален по здравјето на луѓето.
Глобално се произведуваат 40 милиони тони на е-отпад или 800 лаптопи во секунда, додека 60% од произведениот е-отпад за жал завршува во депониите.
Проблемот се зголемува секоја година. Електричниот и електронскиот отпад и отпадните батерии делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.
Овој отпад содржи екстремно токсични, често канцерогени супстанции што доведуваат до оштетување пред се на мозокот, срцето, бубрезите, белите дробови, а влијаат и на зголемување на крвниот притисок и на проблеми во репродуктивниот ситем кај луѓето.
Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.
Како на безбеден начин да се ослободиме од непотребната електроника од нашиот дом/компанија?
Зголеменото количество тешки метали во човековиот организам предизвикува главоболка, абдоменални тешкотии, епилептични напади, деформација на коскениот систем, остеопороза, стерилитет, рак, кома, па дури и смрт. Во многу случаи отпадот се гори на депонија или во печки (инцениратори), а кога се горат металите, тие се концентрираат во пепелта што настанува при согорувањето, а навлегуваат и во атмосферата преку гасовите кои што се испуштаат од оџаците.
Проблемот е сериозен, последиците фатални!
Неопходна е примарна селекција во посебни садови за отпадни батерии од Нула Отпад поставени во училишта, градинки, молови, поголеми и помали компании.
Погледнете ја мапата со локации за садови за батерии во Вашето најблиско опкружување.
ИЗВОР: Нулаотпад.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…