Пожар во продавница во Старата чаршија, нема повредени

t

Како што може да се види во позадина, рано наутро избувна пожар во продавница на Скопската чаршија, а први кои побрзаа да го изгаснат пожарот беа сопствениците на продавниците на Скопската чаршија. Потоа дојдоа И пожарникарите кои целосно го изгаснаа пожарот. Во овој пожар нема повредени, туку само материјална штета.

Според сопствениците на околните продавници, кои први помогнале во гаснењето на пожарот, среќа во а несреќа било тоа што пожарот бил во утринските часови, кога повеќето од сопствениците исто така ги отворале продавниците и побрзале да помогнат во гаснењето на пожарот.

„Сопствениците на Чаршија се солидарни и ние сме заедно како семејство и секогаш се обидуваме да си помагаме едни на други. Имавме среќа да го видиме пожарот на време и повеќето продавници имаат апарати за гаснење на пожарот. Трчавме, а потоа дојдоа пожарникарите и благодарен сум на сите.

Има само материјална штета и нема повредени, нели?

Да, има само материјалната штета . Среќа е и тоа што беше по девет часот бидејќи ако беше ноќе ќе беше попроблематично“, рече Шаип Рахман – Сопственик на бизнис.

Пожарот во оваа продавница на Скопската чаршија, според пожарникарите, започнал во 9:15 часот и траел околу еден час кога бил целосно изгаснат. Според пожарникарите, во гаснењето на пожарот интервенирале пожарникари со две возила и 8 пожарникари. Причината за пожарот и материјалната штета се уште не се утврдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО уште чека информација од Русија за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…

Маск го поддржа Трамп во критиките кон…

Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…

Полските власти добиле информации за можен напад…

Полските власти добиле информации за можен напад…