Покрај Земјата денеска треба да помине огромен астероид

t

НАСА проценува дека во Сончевиот систем има нешто повеќе од милион астероиди, а еден од нив, судејќи според најавата, денес би требало да помине покрај Земјата.

Астероидот, именуван 488453 (1994 XD), се проценува дека е со дијаметар помеѓу 370 и 830 метри, барем според податоците од Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата (CNEOS) на НАСА.

Се очекува астероидот да ја помине Земјата на растојание од 0,02114 AU, каде што една AU (астрономска единица) е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, а 0,02114 AU е околу 3.162.499 километри.

Само за споредба, Месечината орбитира околу Земјата на растојание од околу 384.633 километри, а Венера е оддалечена околу 61.155.072 километри од Земјата.

„Астероидите се делови од планети кои орбитираат околу Сонцето помеѓу Марс и Јупитер во главниот астероиден појас“, изјави Џеј Тејт, директор на опсерваторијата Spaceguard Center во Велика Британија, за Newsweek. „Меѓутоа, бидејќи тие се релативно мали, орбитите на астероидите може да се нарушат прилично лесно, така што тие можат да развијат орбити што ги сечат орбитите на планетите“, додаде тој.

НАСА проценува дека во Сончевиот систем има повеќе од милион астероиди, а постојано се откриваат нови.

Се предвидува дека астероидот 488453 (1994 XD) ќе прелета покрај нас со брзина од 21,47 km/s. JPL базата на податоци за мали тела на НАСА покажува дека 488453 (1994 XD) орбитира околу Сонцето еднаш на секои 3,6 години, но не поминува блиску до Земјата секој пат.

Повеќето од астероидите во Сончевиот систем се наоѓаат во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер. Повремено, гравитациското влијание на Јупитер предизвикува овие астероиди да бидат исфрлени во внатрешноста на Сончевиот систем, а потоа тие летаат покрај планети како нашата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сондата на НАСА, со примерок од астероидот…

Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата,…

Листа на најмоќните земји во светот

САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји…

Покрај Земјата денеска треба да помине огромен…

НАСА проценува дека во Сончевиот систем има…

Силна геомагнетна бура ја погоди Земјата

Силна геомагнетна бура ја погоди Земјата вечерта…

Стар сателит на НАСА ќе падне на…

Се очекува стар сателит на НАСА да…