Политиката била некрофилска: ВМРО-ДПМНЕ бара Апасиев да ги консултира за термин за Анкетната комисија за Кочани

t

Пратеникот Бојан Стојаноски одговараше на новинарско прашање за ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за заседанието на постојаната анкетна комисија:

Суштината на таа комисија да биде свикана е пратено писмено барање, во случајов до Димитар Апасиев како претседател на таа комисија. Важно е да нагласиме дека тоа барање до него е стигнато на 15.07. Зошто чекал 5 месеци да ја закажа оваа комисија, тоа е прашање која што треба да му се постави на него. Ние кажавме дека од ова нема да правиме политика, но очигледна е намерата некрофилски политички да поентира. Негов е ставот што избрал да биде талог на општеството, изјави Стојаноски.

Ние ќе го прифатиме ова барање, но сметаме дека сите оние кои што тој ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и Собраниската седница за расправа на буџетот. Многу е важно буџетот да биде донесен, бидејќи во наредната година тој е документот кој што обезбедува функционалност на државата, исплата на плати, исплата на пензии и сите оние работи кои што општеството треба да ги прибави од буџетот, потенцира пратеникот Стојаноски.

Тој рече: „Нека не биде седницата на тој датум, да избереме друг датум кој што им одговара на сите тие кои што треба да бидат присутни и ние тоа ќе го поддржиме“.

Така што одговорот е, ајде да седнеме, да се договориме за датум кој што ќе биде прифатлив за сите засегнати страни и да, ем ќе го поддржиме одржувањето на таквата седница и ќе учествуваме на истата, потенцира Стојаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…