Политиката против правдата – кој го штити Арафат Муареми, и ја попречува правдата во случајот со рекетарската шема во Финансовата полиција?

t

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се уште не ги доставил бараните списи до Обвинителството за организиран криминал и корупција, а по наредба на судот, дознава Инфомакс.

По минатомесечниот претрес во седиштето на Финансовата полиција, но и кај директорот на управата Арафат Муареми, оттаму се уште не постапиле по наредбата на судот, кој на барање на Основното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издал наредба за обезбедување на доказен материјал и списи од преку 300 предмети кои биле водени по анонимна пријава во Финансовата полиција.

Муареми за Инфомакс вели дека ваквата информација не е точна, и дека наводно, досега подготвиле преку 30 предмети и ги доставиле до ОЈОГОКК.

„Предметите се подготвуваат и истите ќе бидат доставени во законските рокови согласно ЗКП. Утре ќе бдат доставени уште 150 предмети“, вели директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми за Инфомакс.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пак, велат дека досега до нив има пристигнато списи од околу 30 предмети кои Муареми ги водел по анонимни пријави, од побараните 300.

„Освен 30-тина предмети, за кои во најголем број и не ги баравме, ништо ни немаат доставено. Баравме околу 300 предмети. Замислете, не постапуваат по наредба на суд“, вели шефицата на ОЈОГОКК за Инфомакс Вилма Русковска.

Инаку, пресметката помеѓу политиката и владеењето на правото денес се одвиваше и во Судскиот совет, каде претставката против судијата Седат Реџепагиќ преку ред била ставена на разгледување и покрај реакциите на присутните членови во советот.

Судијата Реџепагиќ инаку е човекот кој ја потпиша наредбата за претрес на просториите на Финансовата полиција и директорот Арафат Муареми.

Киднапирање, уцени, закани и рекет: Како оперирал Арафат Муареми?

ОЈОГОКК се сомнева дека во Финансовата полиција со која директорува Арафат Муареми, инаку кадар на СДСМ, во изминативе четири години се одвивала добро организирана рекетарска шема, која се користела за изнуда на пари од голем број на бизнисмени од земјава.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одлучи: 14 осомничени за “Синџир” одат…

Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта,…

Еден од уапсените во “Синџир” извлекол речиси…

Акцијата, како што соопштија од ОЈОГОКК е…

Приведени за злосторничко здружување, даночно затајување и…

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и…

Акција „Синџир“ во четири општини во Македонија…

Денеска од раните утрински часови под раководство…

(Видео) Дали Мицкоски барал 15% рекет од…

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ,…