Полицаец заврши во болница: Скопјанец со „бмв“ удрил во возило на МВР
Синоќа во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која бил повреден еден полициски службеник.
– На 29.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 20.45 часот на ул.„Владимир Положановски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Б. (33) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, информираат од полицијата.
Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…