Полицаец ја малтретирал поранешната сопруга: Кривична пријава за семејно насилство!
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.К. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство” по член 144 став 3 од Кривичниот законик, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно на член 26 став 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и изрече задолжителни мерки одземање на оружјето. Имено, на 31.01.2024 во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…
По вознемирувачкиот случај на физички и психички…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…