Полицијата викендов ќе вежба пукање во Тетово: Граѓаните да не се вознемируваат

t

Секторот за внатрешни работи од Тетово ја информира јавноста дека полициските службеници ќе вежбаат пукање и гаѓање со огнено оружје, а истовремено граѓаните да не се вознемируваат и да имаат разбирање за активноста.

-Секторот за внатрешни работи Тетово овој викенд сабота 17 и недела 18 септември 2022 година ќе започне со планираното есенско гаѓање, со кое ќе бидат опфатени полициските службеници од редовниот и резервниот состав. Гаѓањето ќе се рeализира, односно одржува на стрелиштето „Еребино“ секој ден од 8 до 15 часот. СВР Тетово ги известува граѓаните наредните денови да не се вознемируваат и да имаат целосно разбирање за претстојните активности на полициските службеници, кои години на ред се организираат во овој период од годината, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициските службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар гаѓањето ќе го изведуваат на импровизираното стрелиште во Волковија од 22 до 26 септември, од Полициското одделение Маврово на стрелиштето под Брана, додека од Полициското одделение Ростуше гаѓањето е планирано на импровизираното стрелиште во Аџиевци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…

При контрола во угостителски објект во Тетово,…

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…