Полицијата поднесе пријава за нелегален приклучок на канализација на булевар „Словенија“
СВР Скопје извршилo увид на булевар „Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект во сопственост на правно лице од село Глумово, општина Сарај. За ова дело во јавноста информираше градоначалничката Данела Арсовска, која на лице место ги затекна сторителите.
Фирмата Адријус од Глумово, општина Сарај која вчера ја затекнавме во вршење на кривично дело бесправна градба и ископ на нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул. Словенија доби соодветна казна од градот Скопје и пријава за вршење на кривично дело до соодветните институции. Чекаме на ОЈО и МВР да превземат мерки и да постапат согласно пријавите, а како обртот на фирмата од 45 милиони евра ќе влијае на постапката не знаеме, соопшти деновиве Арсовска.
Како што соопшти денеска МВР, при увидот било констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во фирмата се преземени соодветни мерки и поднесена е прекршочна пријава согласно член 14 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските фудбалери отпатуваа за Љубљана на дуелот…
Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време…
Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…
Трагедија се случила во близина на водопадот…
Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…
Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака…
Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…
Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…