Полицијата со полни раце работа: Апсења ширум Македонија

t

Вчера околу 17.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот А.Б. од тетовско Теарце, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, додаваат дека во 18.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода и С.Н.(21) од Скопје, затоа што исто и кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Синоќа во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.З.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Малце подоцна во 20.50 часот исто на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера доцна околу 23.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот К.Р.(24), затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…