Полиција упаднала во клиниката што ја користат Србите во Приштина, лекарите биле однесени во станицa

t

Припадниците на косовската полиција извршиле претрес во импровизирана клиника во Приштина и во полициска станица спровеле група лекари и медицински персонал коишто што се дел здравствениот систем на српската Влада кои обезбедуваат здравствена заштита на преостанатите Срби во тој град, информираат медиумите во Србија, јавува РТС. 

Медицинскиот персонал е внесен во зградата на полициската станица чиј влез е веднаш до просториите што Србите ги користеле како амбуланта.

Станува збор за просторот каде што до јуни 1999 година постоела филијала на Комерцијална банка. Потоа просторот претставувал седиштето на невладината организација „Центар за мир и толеранција“, но и импровизираната амбуланта која работела како одделение во приштинскиот Здравствен дом со привремено седиште во Грачаница под системот на Владата на Србија.

Освен што го привела српскиот медицински персонал, полицијата запленила и амбулантно возило на приштинскиот здравствен дом со белградски регистарски таблички.

Нејасно е какви се намерите на полицијата, пишуваат медиумите во Србија. Зошто се вршат претреси во просториите и се сослушуваат лекарите во полициска станица и дали главната цел е да се затворат и да се окупираат просториите.

Полицијата пред неколку години се обидека да ги преземе токму овие простории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…