Објавено на:

Полска бара нападот на Израел врз хуманитарните работници во Газа да се гони како воено злосторство

t

Полска бара отштета од Израел за семејствата на седумте хуманитарци од Светската централна кујна (ВЦК) што загинаа во напад на израелската армија во Газа, а претседателот на парламентот Шимон Холовња побара тоа да се истражи и да се казни како воено злосторство.

„Полска не треба да бара само отштета за семејството на Полјакот што загина во нападот на хуманитарниот конвој, туку и да го гони военото злосторство. Јасно е дека Израелците имаат право да се бранат себеси и својата територија од терористите на Хамас, но никој нема право да убива цивили што носат помош“, изјави претседателот на Долниот дом на полскиот парламент.

Холовња ја нарече несреќна реакцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој рече дека „такви работи се случуваат во војна“, а полскиот премиер Доналд Туск рече дека израелскиот премиер, како и амбасадорот во Варшава, кој ги отфрли критиките за нападот како антисемитски, ја доведуваат во тешко искушение солидарноста на Полјаците со Израел.

„Денеска ја ставате солидарноста на тешко искушение. Трагичниот напад врз доброволците и вашите реакции предизвикуваат разбирлив гнев“, им рече полскиот премиер Туск на премиерот и амбасадорот на Израел на платформата Икс.

Вчера во разговор со израелскиот амбасадор во Варшава и со шефот на израелската дипломатија, министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Шикорски, изразил огорченост и го осудил нападот врз конвојот и смртта на полскиот волонтер Дамијан Собул и побара независна истрага и отштета за семејствата на загинатите хуманитарци.

Кривична истрага покрена и полското обвинителство, а Шикорски побара израелската страна целосно да соработува во неа.

„Доколку е вистина дека конвојот бил мета затоа што таму наводно имало терорист и поради тоа биле жртвувани животи на цивили, не знам во кој систем тоа може да се оправда. Ако било така, Израел мора да се извини и да им плати отштета на семејствата на жртвите“, изјави Шикорски за јавното полско радио денеска.

Шикорски му рекол на израелскиот амбасадор во Варшава дека е време за извинување и каење, а не за разгорување на страстите.

„Господинот амбасадор би морал да се воздржува од емоции. Би го советувал да биде повоздржан. Сега е време за извинување“, изјави Шикорски.

Пораката на израелскиот амбасадор во Варшава Јаков Ливин на критиките за нападот на конвојот дека „антисемитите секогаш остануваат антисемити“ предизвика жестока огорченост во Полска, иако амбасадорот реагираше директно на лидерот на радикалните националисти од партијата Конфедерација, потпретседателот на Сејмот (долниот дом на полскиот парламент) Кшиштоф Босак, и неговата осуда за нападот врз конвојот како воено злосторство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…