Полска донесе “Закон за заштита на татковината”: На 450 страници детално се објаснува како државата ќе делува во идниот период
Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска потпиша указ за одобрување на новиот закон „За заштита на татковината“ изгласан од Парламентот. Церемонијата беше пренесувана во живо на полската телевизија.
Вицепремиерот Јарослав Качински, кој претседава со Комитетот за национална безбедност и одбрана, во говорот на церемонијата рече дека настаните во Украина „се почеток на нов лош период, кога безбедноста станува приоритет за секој одговорен лидер на земјата. ” . Полска е под закана, затоа се потребни напори за зајакнување на армијата. „Полска мора да биде земја која може ефикасно да се брани“, нагласи Качински.
Законот има повеќе од 820 членови и е долг преку 450 страници. Според неговите одредби, годишните расходи на државниот буџет за одбрана не смеат да бидат помали од 2,2% од БДП во 2022 година и не помали од 3% од БДП во 2023 година и потоа.
Новиот закон го опишува механизмот за финансирање на армијата и ново вооружување, предвидува нова форма на воена обука на доброволците со цел да се зголеми бројот на резервисти, се нагласува потребата од набавка на современа воена опрема.
Полска има професионална армија. Според Министерството за национална одбрана, бројот на вооружени сили наскоро треба да достигне 250.000, а уште 50.000 ќе служат во силите на територијалната одбрана (аналогно на Националната гарда).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…
Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…
Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…
Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…
Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…
Полскиот премиер одби техничка влада – ќе…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…
Нема повеќе пушење ни на тераса –…
Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…