Објавено на:

Поплави во Индија и во Бангладеш – загинаа 18 лица

t

Армијата е повикана да ги спасат луѓето заробени во големите поплави во североисточна Индија и Бангладеш, кои однесоа најмалку 18 животи, оставајќи милиони домови под вода, соопштија денеска властите, пренесе Бета.

Најмалку девет лица загинаа во индиската држава Асам, додека домовите на два милиони луѓе се поплавени, објави државната агенција за справување со катастрофи. Најмалку девет лица загинаа вчера во удари од громови во делови на соседен Бангладеш.

Двете земји побараа воена помош бидејќи се очекуваат нови поплави поради дождовите.

Брамапутра, една од најголемите реки во Азија, проби низ калливи насипи, поплавувајќи 3.000 села и обработливо земјиште во 28 области, од вкупно 33.

Неколку возови се откажани во Индија поради поројните врнежи во последните пет дена. Во градот Хафлонг, во јужниот дел на Асам, железничка станица беше поплавена.

Индиската армија е мобилизирана да помогне во спасувањето на заглавените луѓе и да обезбеди храна и други потреби за живот.

Во Бангладеш, областите во близина на границата со Индија се најтешко погодени. Водостоите на сите поголеми реки низ земјата се зголемуваат, соопшти метеоролошкиот центар, предупредувајќи за можни поплави во главниот град Дака.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Индискиот премиер Моди ја отвори новата индиска…

Новиот центар се наоѓа во градот Сурат,…

Блумберг: „Apple“ ќе го прошири производството во…

Американскиот технолошки гигант, наводно, сака да пресели…

(Видео) Моди леташе со борбени авиони произведени…

Премиерот го постави домашното производство на оружје…

Русија и Индија преговараат за заедничко производство…

Рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ преговара…

Во пограничен инцидент во Кашмир загина индиски…

Во вчерашната престрелка помеѓу индиските и пакистанските…