Поповски: Џонсон Мети не генерира 16% од БДП, Викерс може помалку да се глупира

t

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски реагира на дел од изнесените податоци при денешното промовирање на првата Британска бизнис асоцијација и вели дека е изнесен тотално погрешен податок за учеството на компанијата Џонсон Мети во македонската економија, односно во бруто домашниот производ. Можеби е точно дека тоа учество е повеќе од десет пати помало, смета Поповски.

На својот фејсбук профил Поповски напиша:

„Денес во Македонија, некој си британски трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс, при формирањето на Британска бизнис асоцијација во Македонија (активноста е во ред) изјавил дека фабриката за катализатори Џонсон Мети во Македонија генерира близу 16% од БДП на земјата (проверено во извештаите на повеќе медиуми за да сум сигурен дека не е грешка во известувањето).

Дајте драги мои британски политички претставници дојдени тука и оние од амбасадата, можете Вие и подобро знам.

Р.Ѕ. Вистината е дека Џонсон Мети во Македонија не генерира ниту 1,6%, од БДП на земјава, а извесниот господин Викерс и од амбасадата би можеле малку помалку да се глупираат со вакви изјави!!! Не доликува на британските државни претставници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поповски: Џонсон Мети не генерира 16% од…

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски реагира…

Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно…

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја…