Поразително: 62% од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендери, 51% дека има корупција

t

Денес Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во коj се вклучени и наоди од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и истражување на договорните органи за нивните кадровски капацитети за јавни набавки. Воедно, ја објавуваме и Базата на јавните набавки на општините во 2021 година.

Во извештајот може да се забележи пораст на бројот на т.н “тендери склучени во четири очи”, кои институции најмногу ги склучувале и податоци од фирмите во коишто е спроведена анкета.

Поразително во овој дел е што 62 % од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите.

Дури 51 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. Најголем дел од нив сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

Меѓу институциите кои склучиле најмногу тендери во четири очи се МВР, МОН и АД “Елекстрани на Македонија”.

Сите податоци од извештатој може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Малолетни разбојници приведени во Центар – ограбиле…

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето…

35 годишна жена нападната среде Центар од…

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје,…

СДСМ: ДПМНЕ фатени со рацете во медот,…

ДПМНЕ пак е фатено со рацете во…