Поранешен албански градоначалник уапсен во Италија со 20 килограми кокаин!
Поранешниот градоначалник на албанскиот град Вора, во близина на Тирана, Агим Кајмаку, е уапсен од италијанската полиција под обвинение за производство и продажба на дрога.
-Кајмаку е уапсен на 27 мај, откако кај него пронајдени се 20 килограми кокаин во Дан Бенедето дел Тронто, а бил заедно со неговиот внук. Запленетата дрога на пазарот достигнува вредност од милион евра, пренесува Топ чанел.
Пред да биде избран за градоначалник, од редовите на владејачките социјалисти, поседуваше фирма „Кајмаку” и се занимаваше со одгледување садници, семе и откуп на старо железо.
За градоначалник беше избран на локалните избори на 30 јуни 2019 година а во ноември истата година, во отсуство, Судот во Тирана му одреди мерка притвор, од обвинение за фалсификување службени документи.
Централната изборна комисија му го одзеде мандатот по обвинувањата на опозициската Демократска партија за прикривање на неговото криминално минато во Грција, каде бил апсен, обвинет и осуден во отсуство, под идентитет Јорго Тота, за употреба на фалсификувани банкноти.
Додека се чекаше одговор од грчките власти тој побегна од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…