Објавено на:

Поранешен американски генерал: НАТО не може да ја запре Русија

t

На НАТО му недостасува воена мобилност, поради што не е во состојба ефикасно да ја задржи Русија, изјави во интервју за весникот „Вашингтон пост“ поранешниот врховен командант на американските сили во Европа, пензионираниот генерал Бен Хоџис.


„Да се ​​биде побрз од Русите, за да се дојде до клучното место – тоа е единствениот индикатор што има значење за ефективно задржување, а ние сè уште не можеме да го направиме тоа“. „Воената мобилност сè уште е проблем“, рече Хоџис.
Коментирајќи го мислењето на аналитичарот дека е неопходно Европа да инвестира во воена логистика за да обезбеди сигурна одбрана, генералот нагласи дека е неопходно формирање на „воен Шенген“.


Тој изјави дека е неопходна дипломатска работа за да се формира „воена Шенген зона“, која ќе им овозможи на конвоите на НАТО да ги преминат границите со иста леснотија како „камиони со јаболка“.
Според Хоџис, на Европската унија и недостасуваат железнички вагони способни да носат оклопни возила, или мостови и тунели доволно широки за модерни борбени возила.
Шенген зоната сега опфаќа 26 земји, меѓу кои, покрај 22-те членки на Европската унија, се и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…