Објавено на:

Поранешен казахстански министер осуден на 24 години затвор за убиство на сопругата

t

Поранешниот казахстански министер за економија, Куандик Бишимбаев, денеска е осуден на 24 години затвор за убиство на својата сопруга, пренесоа британските медиуми.

Британските медиуми од Астана објавуваат дека судењето и долгогодишната затворска казна за поранешниот министер е всушност тест за претседателот Касим-Жомарт Токаев и неговото ветување дека ќе изгради поправедно општество.

Шокантните снимки прикажани за време на судскиот процес, што започна во март, покажуваат дека обвинетиот Бишимбаев (44) постојано удира со тупаници, клоци и влече за коса една витка млада жена облечена само во палто и чизми. Жената е 31-годишната Салтанат Нукенова, сопругата на Бишимбаев, која подоцна беше пронајдена мртва.

Бишимбаев во судницата се бранеше дека не е виновен, тврдејќи дека неговата сопруга починала од самоповредување.

Екс министерот, кој на функцијата во ресорот економија беше од мај до декември 2016 година, претходно беше осуден на 10 години затвор за примање мито, но беше ослободен по помалку од три години благодарение на амнестија и условно ослободување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…