Објавено на:

Поранешен полковник на МУП на Србија за случајот со малата Данка: „На полицијата да и се дозволи професионално да си ја врши работата без мешање на политиката“

t

Потрагата по телото на малата Данка Илиќ трае повеќе од еден месец. Бевме известени дека сторителите го признале убиството, ни кажаа и дека во автомобилот има ДНК и траги од крв. Мобилизирана е целата полиција, на терен се кучиња трагачи, вклучени се и граѓани – претресено е буквално се во околината на Бор, но телото на малата Данка се уште не е пронајдено. Во меѓувреме пристигна и вест дека обвинителството добило нова анализа на вештачењето на ДНК, а досега не се пронајдени биолошки траги на двегодишната Данка. Која е главната пречка овој случај конечно да се разреши, што ја кочи истрагата и од каде спротивставените информации за доказите – сето ова се прашањата на Славица Радовановиќ, поранешен полковник на МУП на Србија.

На прашањето на водителката како е можно и по еден месец да не се знае што се случило со девојчето Данка Илиќ, поранешниот полковник на МУП на Србија во утринската програма „Разбуди се“ објасни дека понекогаш има случаи кои можат брзо да се решат затоа што е полесно да се соберат материјални докази и истакна дека на полицијата треба да и се дозволи да си ја врши работата.

„Случајот со малата Данка е специфичен, од начинот на кој исчезна вака мало дете, како и од местото и околината каде што се случило. Има и повеќе од избрзани изјави на претседателот на државата, како и тогашниот министер за внатрешни работи, па дури и началник на Управата за криминалистичка полиција. Самиот претседател го оквалификуваше делото како кривично дело, а потоа на прес-конференцијата од министерката за внатрешни работи детално го слушнавме целиот редослед на настаните, како се случило“, рече Радовановиќ и потсети како првиот човек на УКП ја објави имињата на лицата кои го извршиле кривичното дело, притоа навредувајќи ги припадниците на националното малцинство.

„Да ѝ беше дозволено на полицијата професионално да си ја врши работата, да не се мешаше политиката толку многу во тој случај, за кој оценија дека е многу важен затоа што може да и донесе некои поени, сигурно немаше да има такви случаи како убиството на на пејачката Јелена и девојката Данка, на полицијата веќе би и било дадено доволно време и простор да си ја заврши работата, се разбира во соработка со Обвинителството“, заклучи поранешната полковничка на МУП на Србија, Славица Радовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претстојниот четврток е неработен за една заедница…

Министерството за труд и социјална политика соопштува…

НБА ќе добие нов шампион: Денвер и…

Екипата на Минесота Тимбервулфс е втор финалист…

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот…

Раиси беше еден од најстрогите ирански тврдокорни…

Најнова вест: Уапсен е Наке Георгиев кој…

Криминалната полицијата на МВР и Одделот за…

Што би се случило со Германија доколку…

Германија би претрпела сериозна економска штета доколку…