Поранешен руски дипломат: Путин би жртвувал и 20 милиони војници за победа
Рускиот претседател, Владимир Путин, би жртвувал 20 милиони руски војници за да победи во војната со Украина и да го обезбеди својот политички опстанок, изјави рускиот дипломат во егзил, Борис Бондарев, кој ја напушти постојаната мисија на Русија во Обединетите Нации поради војната против Украина.
„Мислам дека за овие 20 години колку што беше на власт имаше многу среќа. Не е паметен, само имаше среќа. Но мислам дека среќата му истече“, вели Бондарев.
Поранешниот руски дипломат кој работел на нуклеарно разоружување го опишал нивото на очајот на Путин, велејќи дека тој е подготвен да жртвува огромен број луѓе за да ја освои Украина.
„Откако ќе ја изгуби војната, ќе мора да им објасни на своите елити и на своето население зошто е тоа така, а можеби ќе има проблем да го објасни тоа. И после тоа може да има опозиција која ќе се обиде да го отстрани или тој ќе се обиде да ги обвини своите подредени за да најде некој да биде виновен за сите овие проблеми. Тоа ќе биде период на внатрешни превирања“, вели Бондарев.
„Не се сомневајте, тој е подготвен да жртвува 10 или 20 милиони Руси само за да победи во оваа војна, само за да ги убие сите Украинци, бидејќи за него тоа е прашање на принцип. За него тоа е прашање на политички опстанок“, рече поранешен руски дипломат.
„Треба да разберете дека ако ја изгуби војната, тоа ќе биде крајот за него“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…