Објавено на:

Поранешен фински премиер: 99% сум сигурен дека Финска ќе стане дел од НАТО

t

Финска има 99,9% шанси да се приклучи на НАТО, изјави поранешен премиер на земјата за Би-Би-Си.

Александар Стуб, кој беше премиер од 2014 до 2015 година, вели дека финскиот претседател утре ќе ја објави намерата на Финска да се приклучи на алијансата, по што ќе следи соопштение од владата во текот на викендот и заедничка изјава од Финска и Шведска на почетокот на следната недела.

Тој вели дека има „огромна поддршка“ во Финска за приклучување кон алијансата, цитирајќи ја анкетата од вторникот, која покажа дека 76% се за и 12% против – голем пад од бројките пред инвазијата.

„Единствената личност на која можеме да му се заблагодариме е Путин, тој е причината поради која се придружуваме“, вели тој.

Тој вели дека Финска „воопшто не е загрижена за заканата на Русија за „воено-технички одговор“ доколку стане членка.

„Тие отсекогаш биле такви“, вели тој, додавајќи дека кога се приклучија Исланд, Данска и Норвешка во 1949 година „реториката беше слична“.

Тој, сепак, предупредува дека за време на „сивата зона“ на процесот на аплицирање за членство – додека не стапат на сила безбедносните гаранции на НАТО – може да има руско заплашување, сајбер напади и дезинформации.

Но, тој вели дека Финска и Шведска имаат некои од најголемите армии во Европа и дека нивните лидери собирале безбедносни гаранции од САД, Британија, Германија и Франција.

„Се чувствуваме многу безбедно во оваа ситуација, воопшто не сме загрижени за тоа“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Евакуирани 1.300 жители на Ниш, се уништува…

Началникот на Одделението за вонредни состојби на…

Лавров: Русија не сака да ги напаѓа…

„Русија не сака да ги напаѓа земјите…

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО…

НАТО работи на можноста за испраќање повеќе…