Објавено на:

Поранешниот албански претседател: Имам посебна почит кон Македонците во Албанија, мора да го зачуваме македонскиот идентитет

t

Во Пустец беше одржан изборен собир на кој пред жителите се претстави кандидатот за градоначалник Панди Јани, а се обрати и лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, јави МИА.

Овде живее една прекрасна заедница, за која, добро знаете имам посебна почит. И кога бев претседател на државата, Пустец беше општина која најмногу сум ја посетувал во мојот петгодишен мандат. И денеска сум тука да дадам поддршка за идниот градоначалник Панди Јани и визијата за развиена општина, подобра иднина на сите жители, порача Мета од изборниот собир во Пустец.

Тој порача дека „заедно со идниот градоначалник Панди Јани“, ќе создадеме услови да ги задржиме младите тука и да ги вратиме во родното место оние кои заминале.

Да овозможиме на оваа прекрасна македонска заедница да ги негува и зачува и својот национален идентитет, обичаи, песни, ора, верски обичаи. Ветувам дека заедно ќе ја доизградиме внатрешноста на црквата, која денес ја посетивме и се помоливме за здравје и напредок, истакна Мета.

Тој додаде дека Јани е искрен, одлучен и транспарентен човек, кој ќе биде во служба на жителите, а со идеалните услови со кои располага ова подрачје ќе го развие агротуризмот.

Претставувајќи се пред своите сограѓани, Панди Јани вети дека има јасни проекти кои со заедничко залагање ќе бидат реализирани во интерес на жителите на општината и оти целосно ќе биде во служба на своите сограѓани.

Мојата програма се заснова на четири столба а тоа е развој на туризмот, асфалтирани улици во сите населени места, стопирање на емиграцијата на младите со вработување без роднински, пријателски и партиски врски, како досега. Со сите сили и знаење ќе се залагам за враќање на оние кои заминале и секако економска помош која ќе ја добиваат тие на кои им е најпотребна, вети Јани, додавајќи дека е убеден во победата на претстојните избори.

На изборниот собир се обратија и други говорници кои побараа масовна поддршка за Панди Јани што ќе значи „збогување со монистичка власт која Општината ја претворила во гнездо на корупција и непотизам” и трансформација на Пустец во „развиена општина со лик каков заслужуваат нејзините прекрасни и вредни луѓе”.

Панди Јани е кандидат на Партијата на слободата која ја предводи изборната коалиција „Заедно победуваме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Криеле ДРОГА ВО ОБЛИК НА ЧОКОЛАДО: Во…

Албанската полиција објави детали околу акцијата во…

Рама: Албанија нема претензии кон Грција

Албанија нема претензии кон Грција, рече премиерот…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Албанија донесе национална стратегија за враќање на…

Официјалните податоци на МВР и ИнСтат покажуваат…

Рама: Албанија беше Северна Кореја во Европа,…

Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека…