Објавено на:

Поројни врнежи до четврток: Внимавајте кога се движите покрај реки и водостои

t

Од УХМР Известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес до четврток, во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд (кој на моменти може да биде доста интензивен), придружуван со грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и за кратко време да наврнат поголеми колочини на дожд кој може да предизвика зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците кај кои доколку се остварат прогнозите и локално паднат поголеми количини на врнежи, можни се и локални излевања.

Водостојот на р.Вардар во горниот дел од нејзиното течение е доста вискок и иако е се уште под границата на излеавње, предупредуваме на внимателност во тој дел од земјата (Тетовско-Гостиварскиот дел и Полошката Котлина). Исто така, доколку врнежите бидат од пороен карактер и просторно бидат сконцентрирани во градските урбани средини, можна е локална и изолирана појава на одредени проблеми во население места, како и појави на одрони и свлечишта во одредени делови на земјата. Препорачуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избегнувајте движење по засеци и во близина…

ЦУК, согласно известувањата од УХМР, препорачува голема…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Од утре носете си чадор – најави…

Под влијание на циклонска активност утре попладне…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…