Портпаролот на катарското МНР: „Најтешката страна“ во преговорите беше Израел
-Процесот на преговори е тежок од сите аспекти. Секоја партија има свои барања и резерви. Даваме се од себе да ги средиме работите. Но, најтешката страна беше Израел, рече тој на брифингот во Доха.
Ал Ансари додава дека Катар не може да го потврди вкупниот број на заробеници кои се држат во Газа.
-Она што можеме само да го кажеме со сигурност е бројот на заробеници што се ослободени, посочи тој.
Ал-Ансари додава дека „приоритет во овој момент е цивилните жени и деца да бидат ослободени, додавајќи дека „воените мажи ќе влезат во дискусија“ потоа.
-Во однос на унијата меѓу палестинските фракции, ова се внатрешни работи на Палестинците и треба да се решат од нив. Сепак, не штедиме напори да ги собереме сите фракции на палестинскиот народ на еден фронт, изјави Ал-Ансари одговарајќи на прашање дали Хамас ќе биде дел од изборниот процес во повоената ера во Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран официјално ги потврди нападите врз три…
Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…
УНХЦР: Израел и Иран итно да деескалираат,…
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)…
Израел: Соборивме 40 ирански беспилотни летала
Израелските воздухопловни сили соборија 40 ирански беспилотни…
ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…
Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…
Седумдесет лица се убиени во последните израелски…
Вкупно 70 лица беа убиени во израелските…