Португалската влада падна поради корупциски скандал: Премиерот си поднесе оставка!

t

Португалскиот премиер Антонио Коста денеска поднесе оставка откако беше објавено дека се води истрага за корупција во врска со концесии за рударство и енергија и по денешниот претрес на неговата службена резиденција и две министерства.


Коста изјави дека претседателот на Португалија ја прифатил неговата оставка.
Истрагата против Коста, кој е премиер од ноември 2015 година, прво ја објавија медиумите, а потоа ја потврдија и државното обвинителство, објави Еуроактив.


Коста во своето обраќање пред новинарите истакна дека сака да му каже на португалскиот народ дека не е виновен и дека верува во судскиот систем и неговата независност. Тој рече дека поднел оставка затоа што, како што наведе, достоинството на улогата на премиер не смее да се поврзува со сомневање за какво било кривично дело.


Претрес во неколку владини згради


Неколку португалски владини згради беа претресени денеска како дел од истрагата за наводните незаконитости во зделките за литиум и таканаречениот чист водород, соопштија официјални лица, додека локалните медиуми објавија дека се приведени две лица блиски до премиерот.
Весникот „Публико“ објави дека се приведени најмалку пет лица, меѓу кои и шефот на кабинетот на премиерот Антонио Коста, Витор Ескари и бизнис консултантот Диого Лакерд Макада, кој е пријател на премиерот.


Меѓу приведените е и градоначалникот на градот Синес, како и двајца претприемачи, наведува „Публико“, наведувајќи дека има инвестициски планови за изградба на водородни постројки во Синес.
Кабинетот на премиерот потврди дека биле претресени просториите на владата, но одбиле да коментираат повеќе, објави Ројтерс.
Според локалните медиуми, истражителите денеска извршиле претрес на повеќе владини згради, меѓу кои и официјалната резиденција на премиерот, Министерството за животна средина и Министерството за инфраструктура.
Португалската полиција изјави за Ројтерс дека нивните полицајци им помагале на истражителите за време на претресот.

Државните обвинители во јануари објавија дека е во тек истрага за деловните проекти за литиум и водород, но тогаш не ги наведоа имињата на осомничените.
Со 60.000 тони откриени резерви, Португалија веќе е најголемиот европски производител на литиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Португалец 17 години бил држен како роб

Португалец бил држен како роб 17 години…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…