Објавено на:

Поскапуваат авионските карти низ целиот свет

t

Германската авиокомпанија Lufthansa најави дека ќе ги зголеми цените на билетите поради еколошката такса која треба да ги покрие повисоките трошоци за гориво.

Цените на авиобилетите ќе се зголемат од 1 до 72 евра, во зависност од видот на билетот, на сите летови кои полетуваат од земјите на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија, се вели во соопштението на Lufthansa, пренесено од Reuters.

Потсетиме дека ЕУ бара од превозниците постепено да ја зголемуваат употребата на одржливо гориво во летовите што поаѓаат од аеродромите во земјите-членки на Унијата, забележува Reuters.

„Надоместокот за заштита на животната средина ќе покрие дел од дополнителните трошоци кои континуирано растат поради регулаторните барања за заштита на животната средина и вклучуваат употреба на одржливо воздухопловно гориво од биолошки материјали, што е клучно, како што се оценува, за намалување на загадувањето на воздушниот сообраќај“, велат од Lufthansa.

„Надоместокот за трошоци за заштита на животната средина ќе покрие дел од повисоките трошоци во 2025 година“, велат од компанијата.

Извршниот директор на Lufthansa, Карстен Спор, минатата година предупреди дека целите на ЕУ се тешко остварливи, а потоа навести дека ќе им се префрлат повисоки трошоци на патниците.

Авиокомпаниите со години предупредуваат дека регулативите за одржливо гориво може да ги зголемат нивните трошоци.

Air France-KLM воведе еколошка такса во 2022 година, барајќи доплата од 12 евра за билети, односно 4 за економска класа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…

АНБ ја следи одлука на Египет да…

Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена…

Започна откупот на годинешната реколта по цена…

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…

Жена од Тетово се здобила со тешки…

Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…

Авион МиГ 29 на српската армија од…