После картонските полицајци Тетово ќе ги лови несовесните возачи со видео камери

t

Од општина Тетово се жалат дека немаат координација со полицијата. Според првиот човек на Советот на општината, Бесар Дурмиши, полицијата не одговара на барањата на општината, кога станува збор за интервенции на тетовските улици, особено за погрешно паркирање, кога е невозможна и интервенцијата на пајак службата.

„На одредени паркинзи за паркирање се случува да не праќаат смс или да не се паркираат правилно и да има автомобили кои се на споредната страна. Значи, со оваа регулатива компанијата ќе добие овластување да ги отстрани тие возила од коловозот бидејќи често сме викале полиција и немало разбирање, па ќе постапиме преку фирма“, рече Бесар Дурмиши, претседател на советот на општина Тетово.

За работата на полицијата пред неколку дена се огласи и првиот човек на општината Билал Касами. Тој рече дека поради тоа што полицијата не реагирала на барањата на општината, бил принуден да склучи договор со приватна осигурителна компанија за поставување безбедносни камери на неколку точки во градот каде се фрла ѓубре, и да се проверат сомнежите за организираното пуштање на кучиња. Од полицијата во Тетово ги отфрлиат обвинувањата- велат дека редовно одговараат на поканите на општината.

„Дневно за патен сообраќај се распоредуваат по шест полицајци, тројца во прва смена и тројца во втора смена, кои работат со пајак службата. И денеска по барање на општината имавме соработка за чистење на сообраќајните површини кои беа зафатени. Затоа, ваквата констатација за несоработка паѓа во вода, бидејќи, секој ден, ние сме должни, врз основа на законот, да одговориме на сите барања“, рече Фатмир Реџепи. Портпаролот на СВР Тетово.

Точната причина за погрешно паркираните автомобили во централниот дел на градот, доведува до сообраќаен метеж и попречување на слободното движење на автобусите.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…

Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина…

Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за…

МВР: Нема повредени во пукањето во Тетово

Ниту едно лице не е повредено во…

ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА: АТЕНТАТ ВО ТЕТОВО!

Вечерва имаше пукање во Тетово, а полицијата…

Уште една трагедија во Македонија: Едно лице…

Поради излетување од коловозната лента маж на…