После четвртата терапија не и падна косата: „Енормни трауми – мајка ми почина на Онкологија, ги прашувавме дали ѝ ставаат лек“
Не стивнуваат реакциите од семејства чии блиски починале од карцином на Клиниката за онкологија.
-Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена “хемотерапија“, не и падна косата, што е еден од главните симптоми на примање хемо, оносно дека „лекот работи“, е дел од исповедта на еден профил на фејсбук, кој говори за своето горко искуство.
Тој објави фотографија за која вели дека е направена денот кога во него се родил сомнеж.
-Постојано ги прашувавме дали е ставен лек, затоа што не видовме вбризгување на хемото, туку само шкрабање со фломастер дека е ставен… Резултатот беше фатален кој не би го посакал ни на најголемиот непријател. Енормни трауми за болниот и блиските околу него, пишува човекот чија мајка починала на Онкологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…