Објавено на:

Потврден десеттиот случај на мајмунски сипаници во Белгија

t

Здравствените власти соопштија дека се потврдени десет случаи на мајмунски сипаници во Белгија, други случаи се анализираат, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според институтот за јавно здравје два дополнителни случаи се сомнителни и се очекуваат конечни анализи, во овој момент потврдено е дека десет лица се заразени со оваа болест кога се појави во текот на мај во јужна Европа.

Сите заразени лица имаат меѓу 28 и 43 години.

Светската здравствена организација упати повик да се биде внимателен во текот на ова лето со мајмунските сипаници, посебно на масовни настани како музички фестивали.

Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгија започна истрага за руското мешање во…

Белгискиот премиер Александар де Кро денеска изјави…

Мерис: Белгија се надева на проширување оти…

Одбраната на владеењето на правото, демократијата и…

Алармантен пораст на случаите на сипаници во…

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…

Белгија го презема претседателство со ЕУ

Белгија денеска го презема претседавањето со Советот…

Тис: Доколку избие војна во Европа, ќе…

Очајот во европските метрополи кога станува збор…