Објавено на:

Потврден нов случај на хантавирус кај патник од бродот „Хондиус“

t

Министерството за здравство на Шпанија денеска соопшти дека кај еден шпански државјанин, кој бил евакуиран од бродот „МВ Хондиус“, каде што избувна епидемија на хантавирус, е потврдено присуство на вирусот.

Шпанските власти наведоа дека пациентот бил близок контакт, идентификуван преку епидемиолошки надзор покренат по првичното откривање на заразата на крузерот.

„Засегнатото лице беше под клинички надзор и во изолација од моментот на приемот, согласно со протоколите утврдени од Системот за рано предупредување и брз одговор”, соопшти Министерството за здравство.

Како што е наведено, пациентот нема симптоми, а вирусот бил откриен при рутински прегледи спроведени кај 13 патници и еден член на екипажот, кои пристигнале на 10 мај по искрцувањето од бродот „Хондиус” на Тенерифе. Тие биле префрлени во болницата „Гомез Уља” во Мадрид, каде што останале во изолација за да го завршат карантинот.

Еден ден по пристигнувањето на 14 шпански државјани од бродот во болницата, кај едно лице бил потврден позитивен тест. Тој пациент имал благи симптоми и се опоравува, според информации од шпанското Министерство за здравство.

Останатите патници до денеска биле негативни на тестирањата, кога бил потврден уште еден позитивен случај. Според информациите, периодот на инкубација на овој вирус може да трае од една до шест недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврден нов случај на хантавирус кај патник…

Министерството за здравство на Шпанија денеска соопшти…

ИЈЗ: Низок ризик од хантавирус во Македонија

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р…

СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции…

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…

Досега се евакуирани 94 патници од бродот…

Вкупно 94 патници и членови на екипажот…

СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од…

Првите патници од крузерот „MV Hondius“, погоден…